Вишокот тежина најчесто се распределува нерамномерно низ телото, при што критичните области обично се бутовите, задникот и колковите, а исто така е познато дека со текот на годините, маснотиите имаат тенденција да се таложат најмногу на стомакот.
Најчестото решение – физичката активност и исхраната – обично не дава брзи резултати, речиси е невозможно да се ослободите од салото од одреден дел од телото.
Во тоа можат да ви помогнат пијалоците кои го забрзуваат согорувањето на мастите, а многу лесно се прават дома.
Овие пијалоци обично содржат евтини состојки кои лесно може да се најдат во секоја продавница, а ќе ви помогнат не само да се ослободите од вишокот килограми, туку и да го исчистите телото од токсините.
Пијалоците кои согоруваат маснотии се подготвуваат непосредно пред консумирањето, бидејќи само така ги задржуваат сите свои корисни својства. Користете само ледена вода за подготовка, оваа температура ќе го испровоцира телото да потроши максимално количество енергија за варење.
Исто така, важно е никогаш да не користите газирана вода.
Додека ги пиете овие пијалоци, многу е важно да не јадете ферментирани млечни производи со малку маснотии. Тие го спречуваат телото да согорува масти.
Тајната состојка на овој пијалок е лимонот, чиј сок ја зголемува ефикасноста на согорувањето на мастите.
Состојки:
голема количина магдонос
1 лажичка јаболков оцет
1 лажичка цимет
1 лажица рендан ѓумбир
лимон
половина литар вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте за да добиете густа смеса. Додадете ледена вода и пијте пред спиење. Наутро ќе се чувствувате полесни, ќе го исфрлите целиот вишок вода од телото, а мастите ќе почнат да се топат. Пијте го овој напиток секоја вечер во текот на еден месец и резултатите ќе бидат повеќе од видливи. Маснотиите од критичниот среден дел во голема мера ќе се стопат, а стомакот ќе ви биде рамен.