Новото истражување покажа дека и жените и мажите често погрешно го проценуваат она што спротивниот пол го смета за привлечно.
Изразените црти на лицето, особено вилиците, често се опишуваат како машки. Меките црти на лицето и пополните усни се дефинирани како женски. Сепак, дали е ова навистина точно?
Мажите мислеа дека жените сакаат повеќе мажествени лица отколку што се всушност, а жените беа убедени дека мажите претпочитаат понежни лица. Овие мислења произлегуваат од воспоставените стандарди за убавина, според Њујорк пост.
Употребата на филтри и вештачка интелигенција дополнително го влоши овој проблем. Така, секој се фокусира на идеализирани верзии на убавина кои не го одразуваат она што другите сакаат да го видат.
Откриено е дека неточните претпоставки за привлечноста дополнително се влошуваат со сликата за себе на луѓето.
Резултатите од истражувањето, спроведено во Велика Британија, се објавени во стручното списание PLOS One.
Кога станува збор за привлечноста, најважно е да се запамети дека голема улога во тоа имаат самодовербата, љубезноста, психолошките квалитети итн.