Жените со црвена коса имаат генетски различен праг на болка од остатокот од женската популација, велат научниците. Покрај тоа, тие имаат највисока стапка на оргазам (дури 41 отсто) во споредба со дамите со друга боја на коса.
Научникот Ајрин Трејси вели дека генетичарите се поблиску до разбирање зошто истражувањата сугерираат дека црвенокосите имаат помала толеранција за болка. Сепак, таа истакна дека истражувањето било предизвикувачко бидејќи болката е субјективна.
Дополнително, истражувањето на Вернер Хабермел од Универзитетот во Хамбург откри интересни информации за нивната стапка на оргазам.
“Сексуалниот живот на жените со црвена коса е поактивен од оние со друга боја на коса. Тие имале секс повеќе од просекот, како и повеќе партнери”, рече тој.
Студија од 2022 година, исто така, покажа дека црвенокосите дами имаат секс почесто, како и поголем број сексуални партнери. Сепак, научниците забележале дека ова може да се должи на социјалните стереотипи кои ги „етикетираат“ овие жени како промискуитетни.