
Мет гала е моден настан што не може да помине без впечатливи, а неретко и ризични модни комбинации. За една таква оваа година се погрижи „жената-мачка“, славната актерка Хали Бери.
Таа се појави на овогодинешната Мет гала во т.н. „гола“ тоалета што малку остава на имагинацијата. Станува збор за долга црна вечерна креација со длабоко деколте, која имаше проѕирни делови што ѝ поминуваа преку препоните и едвај ги покриваа интимните делови. Својот стајлинг го надополни со сатенско болеро, украс за глава и накит од „Картје“.


Ова е вторпат како славната актерка е поканета на Мет гала, а реакциите на нејзиниот изглед беа поделени. Некои сметаат дека 58-годишната убавица ја засени конкуренцијата, додека други мислат дека сепак претерала со изборот на фустанот.