Ви треба:
3 јајца
1 шолја шеќер
1 чаша брашно
1 шолја гриз
1 чаша јогурт
половина чаша масло
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
500 гр излупени праски
шеќер во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките со шеќерот. Потоа додадете ги жолчките и изматете. Во сад измешајте ги брашното, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Во изматените јајца постепено додавајте го измешаното брашно и јогуртот. На крај додадете го маслото. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, а одозгора наредете ги исчистените и исечкани праски. Колачот се пече половина час во загреана рерна на 200 степени. Испечениот колач изладете го, па посипете го со шеќер во прав.