Појадокот е најважниот оброк во денот. Ни ја дава потребната енергија во текот на целиот ден. Затоа е важно појадокот да биде квалитетен и да содржи најмалку 20% од нашиот дневен внес на калории. Ви претставуваме еден од најздравите појадоци што топи килограми. Содржи витамини и минерали кои влијаат на кожата, косата и го забрзуваат метаболизмот.
Доколку одлучите да го јадете овој појадок следниот месец, покрај тоа што ќе ги согорува масните наслаги, ќе ви помогне со цревните проблеми и природно ќе го исчисти телото од насобраните токсини.
Состојки:
300 мл кефир (или јогурт со ниска масленост)
2 лажици овесни снегулки
1 лажичка мелено ленено семе
1 лажичка какао во прав
5-7 суви сливи
Подготовка на појадок:
Прелијте ги сливите со 100 мл врела вода. Покријте и оставете да отстојат 5 до 10 минути. Во друг сад ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото. Потоа додадете го кефирот и добро измешајте. Извадете ги сливите од садот со вода, исечкајте ги на мали парчиња и додадете ги во садот со смесата. Повторно измешајте и ставете го садот во фрижидер.
Подгответе го појадокот претходната вечер за утре наутро. Кога ќе се разбудите, ќе ве чека здрав и вкусен оброк кој е вистинска бомба за слабеење. Бидете упорни и резултатите ќе бидат видливи.