Започнало на 19 години: Познатата актерка ја извади шминката и го откри проблемот кој го имаат многу жени

popara22 март, 20251min00
Screenshot_7

Американската актерка Аманда Сејфрид, позната по улогите во „Мама миа“, „Клетници“ и „Злобни девојки“, неодамна покажа како изгледа без шминка и откри дека со години се бори со кожна болест.

 

 

 

 

Во неодамнешното интервју за магазинот „Вог“, 39-годишната актерка сними неколку видеа на Тикток на кои ја покажува нејзината рутина за убавина и откри дека веќе 20 години се бори со периорален дерматитис, осип на кожата што се појавува околу усните и ноздрите.

 

„Можеби мислите: ‘Што е тоа на нејзиното лице?’ Тоа е мојата егзема, патам од периорален дерматитис. Кога имав 19 години почнав да добивам осип“, рекла таа.

Таа тврди дека последните 20 години ги поминала барајќи соодветен совет од експерти. Откако во видеотот го изми лицето, таа покажа како истовремено го третира осипот и го прикрива црвенилото на нејзиното лице. Негата на нејзиното лице се состои од лековита крема, употреба на тонер, серум и коректор.

 

Набргу по објавувањето на снимката, многу обожаватели решија да коментираат и да ѝ се заблагодарат што ја сподели нејзината борба со кожната болест.

 

„Моментално имам периорален дерматитис и тоа е ужасно“; „Многу сум среќен што гледам вистинска кожа без ботокс и филтри. Прекрасна си“; „Ти благодарам за оваа снимка“; „Колку е убаво да се види природно лице“; „Неверојатно убаво“; „Имам атопичен дерматитис и ова е прв пат да видам некој познат како зборува за тоа“, биле дел од коментарите.