Грижата за раце дома е едноставна, а можете да користите природни состојки за маски и пилинзи кои ќе ви помогнат да ги одржите рацете меки, хидрирани и негувани. Вистинско време е за пилинг, за отстранување на мртвите клетки и подобрување на циркулацијата по носење ракавици и студено време.
Една од најкорисните е онаа со шеќер и маслиново масло. Потребна ви е по една лажица шеќер и маслиново масло, и додадете неколку капки сок од лимон во оваа смеса. Соединете и нанесете на рацете со кружни движења, а потоа оставете да делува неколку минути. Исплакнете со топла вода и нанесете хидратантна крема.
Пилингот со кафе и кокосово масло е исто така исклучително ефикасен и се прави со мешање на по една лажица мелено кафе и кокосово масло. Кафето исто така помага во подобрување на тонусот, додека маслото ја хидрира кожата. Оставете неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маските се одлични за длабинска хидратација и регенерација на кожата. Маска од мед и млеко се прави со мешање на една лажица мед со две лажици топло млеко и оставање на кожата околу дваесет минути, а потоа исплакнување со топла вода. Медот ја храни кожата, а млекото ја омекнува. Маската од авокадо и јогурт е исто така многу ефикасна, а за неа треба да изгмечите половина зрело авокадо и да ја измешате со една лажица јогурт. Нанесете на рацете, оставете ја околу петнаесет минути, а потоа исплакнете. Особено е погодна за сува кожа.
За да ги одржите рацете секогаш негувани и меки, треба да нанесете крем по секое миење, а навечер можете да нанесете подебел слој и да ставите ракавици за да го подобрите ефектот.