Здравствени предности на ананасот заради кои почесто ќе го јадете

popara6 април, 20251min00
Ripe,Juicy,Pineapple,Next,To,Cut,Pieces,On,A,Wooden

Ананасот не е само вкусно овошје, оваа тропска храна е исклучително хранлива благодарение на основните хранливи материи со бројни здравствени придобивки.

За порталот „Health Shots“, диететичарите издвоија некои од најпознатите здравствени придобивки од ананасот, кои покажуваат дека редовното консумирање на ова овошје го поддржува општото здравје.

Богат со витамини и минерали

„Ананасот е богат со витамин Ц, манган и други важни хранливи материи како што се влакна, калиум и калциум“, истакнуваат нутриционистите.

Покрај тоа, содржи изобилство на антиоксиданси кои го штитат телото од штетното влијание на слободните радикали.

Одлично за зајакнување на имунитетот

Кога станува збор за зајакнување на имунитетот, првите намирници кои ви паѓаат на памет се ѓумбирот и портокалот, но и ананасот е многу добра опција.

Благодарение на високата содржина на витамин Ц, ананасот го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото да се бори против инфекции и болести.

Учествува и во производството на бели крвни зрнца (леукоцити) кои го штитат организмот од инфекции, бактерии, вируси, паразити и други штетни материи.

Промовира правилно варење

Ананасот содржи бромелаин, ензим кој помага во разградувањето на протеините и го подобрува варењето.

Може да ја ублажи надуеноста и непријатноста, особено после обилен оброк. Корисно е да го јадете после вечерата за да ја намалите надуеноста и да имате подобар и поквалитетен сон.

Го подобрува здравјето на срцето

„Антиоксидансите, влакната и калиумот присутни во ананасот можат да помогнат во намалување на воспалението и намалување на крвниот притисок, што е важно за одржување на здраво срце“, истакнуваат диететичарите.

Помага при слабеење

Покрај здравјето, ананасот е и одлична храна за слабеење.

Ананасот е нискокалоричен и богат со вода, што го прави одличен избор доколку сакате да изгубите тежина. Влакната што ги содржи го продолжуваат чувството на ситост и ја намалуваат потребата за прејадување.

Ако сакате да јадете повеќе ананас за слабеење, најдобро е да го јадете сам како здрава ужина, додадете го во смути или овошна салата.

И дава природен сјај на кожата

Благодарение на неговите антиоксиданси, ананасот помага во борбата против оштетувањето на кожата предизвикано од слободните радикали. Витаминот Ц кој се наоѓа во ананасот го стимулира создавањето на колаген кој на кожата и дава природен сјај и младешки изглед.

Го намалува опаѓањето на косата

Многу луѓе имаат проблем со опаѓање на косата од различни причини, а самите би можеле да си помогнат со јадење ананас.

Витамините и минералите во ананасот, особено витаминот Ц и манганот, поддржуваат здрав раст на косата и го зајакнуваат скалпот, што може да го намали губењето на косата на долг рок.

Помага да се регулира нивото на гликоза во крвта

Ананасот има низок гликемиски индекс, што го прави погоден за луѓе со дијабетес. Помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и во исто време ја задоволува потребата за слатки.

Може да ја јадат и луѓе кои имаат проблеми со тежината или сакаат да ослабат, бидејќи со оваа хранлива храна ќе се грижат за внесените калории, а сепак ќе се грижат за своето здравје.