Знае што прави: Меган Маркл објави видео кое изгледа сосема нормално, но еве што се крие зад тоа

popara26 февруари, 20251min00
Screenshot_8

Личниот профил на Меган Маркл на Инстаграм беше вистинско уживање за обожавателите на кралското семејство, но не само поради вестите поврзани со нејзиниот бренд или романтичните моменти со принцот Хари.

 

 

 

 

Војвотката исто така споделува снимки од Арчи и Лилибет, а последната објава е исклучително шармантна.

 

Меган се огласи на својот Инстаграм за да сподели видео на кое се гледа како ја полева градината во семејниот дом во Монтесито.

 

Војвотката ги прашува Арчи или Лилибет дали сакаат да и помогнат да ги наводни растенијата, на што еден од нив одговара: „Само ако сакаш јас да го сторам тоа“, а потоа зема црево и го става прстот врз него за да го прошири потокот до растенијата.

 

Имаат план

Меган и Хари неодамна почнаа да објавуваат повеќе моменти со Арчи и Лилибет за да ја преземат контролата врз имиџот на нивните деца пред папараците, објасни кралскиот експерт Џени Бонд во интервју за Мирор.

 

„Тие очигледно се исклучително заштитнички настроени кон своите деца. И мислам дека многу од тоа доаѓа од искуството на Хари кога камерите биле вперени кон него кога бил мал – и оттогаш“, изјави Бонд за медиумот.

 

„Тој го покажа својот презир кон камерите кога беше многу мал, вадејќи го јазикот додека седеше на задното седиште во автомобилот со својата мајка. Таа многу брзо му рече да престане!“

 

 

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

 

Бонд продолжи: „Секако, фактот што се само делумно видливи ги прави уште поинтересни за јавноста. И тоа носи дополнително внимание на секое видео во кое тие се појавуваат, што е комерцијално вредно. Порано или подоцна, тие ќе мора да објавуваат слики од нивните деца. Во спротивно, постои реална опасност папараците да ги следат додека не го добијат она што го сакаат – со надеж дека некој весник или списание некаде во светот ќе ги купи сликите“.