Емоционалната интелигенција е една од највредните квалитети што некој може да ги има. Значително се разликува од рационалната интелигенција и се однесува на разбирање, препознавање и управување со сопствените емоции, но и за разбирање на емоциите кај другите луѓе.
Ако ова сте го забележале кај вас, тогаш емоционалната интелигенција ви е на високо ниво. Со помош на овие четири совети ќе успеете да ја подобрите.
- Разликите меѓу емоционална и рационална интелигенција
Емоционалната интелигенција не може да се измери со средствата со кои се мери рационалната бидејќи е посубјективна. За разлика од рационалната, може да се подобри со времето.
- Неспорната важност на емоционалната интелигенција
Луѓето кои се изразито емотивно интелигентни се емпатични, но тоа не значи дека се пречувствителни и премногу сентиментални. Тие умеат да ги препознаат сопствените и туѓите емоции, да ја утврдат нивната причина и на вистинскиот начин да се носат со нив. Овие луѓе ја воочуваат тензијата што владее меѓу други луѓе, знаат да препознаат кога колегата им е вознемирен и знаат како да му пристапат.
Емоционалната интелигенција може да биде добро тајно оружје во професионалниот живот и во животот воопшто. Од друга страна, тешко е да остварите квалитетен однос со некој кој има ниска емоционална интелигенција бидејќи таа личност не умее да ги усклади личните емоции со ситуациите ниту ги зема обѕир чувствата на другите луѓе.
- Четири примери на емоционална интелигенција
Ако имате високо ниво на емоционална интелигенција, тогаш имате способност за:
– разбирање на одредени емоции кои се појавуваат во одредени ситуации
– прилагодување на своите емоционални реакции на различни ситуации
– сте емпатични и ги препознавате туѓите емоции
– ја прилагодувате вашата порака на слушателот
- Како да ја подобрите емоционалната интелигенција?
Редовно размислувајте за себе, за вашите постапки и емоции. Како да реагирате во одредена ситуација и зошто? Како да се подобрите?
Обидете се да бидете сочувствителни со другите, прашајте ги што ги мачи и внесете се во нивниот проблем како да е ваш, за да развиете емпатија.