
Зои Кравиц се одлучи за необичен фустан на афтер забавата на Оскарите.
Имено, на забавата на Vanity Fair, Кравиц привлече внимание со својот моден избор и деталите кои го надополнија нејзиниот изглед синоќа. Иако нејзиниот аутфит изгледаше едноставно од напред, долгиот црн фустан го откри нејзиниот грб и дел од задникот.
Кравиц ја комплетираше својата комбинација со голема машна на грбот и бели монистра. На сето тоа додаде сребрени нараквици и обетки, а косата ја врза во ниска пунџа. Иако фустанот изгледаше необично, Кравиц позираше самоуверено во него.
Покрај Кравиц, посебно внимание привлекоа многу познати личности со својот моден избор за 97-то доделување на Оскарите, меѓу кои Деми Мур, Селена Гомез, Аријана Гранде и Џулија Фокс.
Zoë Kravitz posing for the cameras at the 2025 Vanity Fair Oscar Party. 🍑 pic.twitter.com/Kl1eBiFoS8
— zoë kravitz daily (@zoekravitzfiles) March 3, 2025
За потсетување, актерката Зои Кравиц, која го „украде шоуто“ на синоќешната забава на Vanity Fair, неодамна за прв пат проговори за раскинувањето на свршувачката со актерот Ченинг Тејтум.
Двојката се вери во октомври 2023 година, а една година подоцна решија да ја прекинат врската. Во интервју за магазинот ELLE, 36-годишната актерка одговори на прашањето дали раскинувањето влијаело на нејзиното искуство во филмот, кој доби 75% позитивни критики на Rotten Tomatoes.
„Воопшто не“, одговори Кравиц.
“Навистина го сакам она што го создадовме заедно и се грижам за него. Кога ќе спомнете колку е одлична неговата изведба, срцето ми се исполнува со топлина и мило ми е што сето тоа се случи. Се чувствувам толку благодарна што заедно го поминавме тоа искуство”, изјавила актерката.