
Многу жени ќе го споделат мислењето дека вториот ден од менструацијата е секогаш најболен. Сепак, тоа не е случајно и има научно објаснување зошто токму тој ден е најлош.
Менструалните болки можат да бидат исклучително силни, а жените често мора да прибегнуваат кон лекови за да се справат со грчеви, замор и расположение.
Главната причина што вториот ден од вашиот менструален циклус е толку ужасен лежи во хормоните – поконкретно, простагландините, кои се појавуваат кога нивото на прогестерон се намалува.
„Како што слузницата на вашата матка се распаѓа, простагландините – хемикалии слични на хормони – се ослободуваат во телото“, рече д-р Фатема Мустансир Давудбхој, специјализирана за гинекологија.
Според неа, се смета дека вишокот на простагландини се главната причина за оние „досадни“ грчеви што ги чувствувате додека ја стимулираат вашата матката да се контрахира, помагајќи да се исфрли старото ендометријално ткиво кое се ослободува од вашето тело како менструална крв.
„Простагландините, исто така, ги стегаат крвните садови во матката, намалувајќи го количеството кислород што го прима ткивото на матката, што доведува до грчеви и болка“, објаснува таа.
Нивото на простагландин го достигнува својот врв на вториот ден од менструацијата, што ја влошува болката. Гинекологот Емили Кот вели дека и други хормонални промени во текот на првите неколку дена од менструацијата може да влијаат на нашата перцепција за болката.
„Како и прогестеронот, нивото на естроген исто така опаѓа на почетокот на циклусот. Тоа значи дека другите болни состојби како мигрена или фибромијалгија може да се влошат кога ќе добиете менструација, бидејќи хормонот естроген паѓа на најниско ниво“, вели гинекологот Коте.
Фактот дека вашиот проток е обично посилен на вториот ден од циклусот, исто така, придонесува за поболни грчеви. Зголемениот волумен на крв може да доведе до поинтензивни грчеви и непријатност бидејќи матката работи понапорно за да ја исфрли менструалната крв.