Зошто не се препорачува додавање на мед во зовриена вода – и кога е најдобро да ставите мед во чајот?

popara28 мај, 20251min00
b_250526046

Експертите од областа на здравата исхрана предупредија дека не треба да се претерува со конзумирањето на мед кој се смета за здрава храна.

Според нивното мислење, младите не треба да консумираат повеќе од две до три лажици мед, додека на заболените од одредени болести не им се препорачува да консумираат повеќе од една лажица дневно.

Луѓето со прекумерна тежина, како и оние кои страдаат од дијабетес, атеросклероза или хипертензија мора да бидат внимателни кога ја консумираат оваа храна.

Нутриционистите предупредуваат и дека секој може да биде алергичен на мед, без разлика на возраста. Медот содржи киселини и супстанции кои го иритираат желудникот, па прекумерното консумирање може да предизвика гастритис, па дури и чир.

Една од најголемите грешки, според експертите, е ставањето мед во топол чај. Ако додадете мед во зовриена вода, тој ги губи своите корисни својства и произведува токсични материи. Кога правите чај, медот не треба да се додава во врелата течност, туку само кога ќе се олади и ќе стане млак. Температурата на водата не треба да надминува 40 степени.

“Медот во врела вода произведува хидроксиметилфурфурал, кој е отров. Ова органско соединение се формира кога шеќерот се распаѓа на високи температури, како на пример при готвење, пржење или карамелизирање”, предупредуваат експертите.