Зошто не се препорачува употреба на омекнувач за алишта во лето?

popara20 јуни, 20251min00
1671434765-omeksivac.format-webp.width-900

Во летниот период, велат експертите, пожелно е да се избегнува користење на омекнувачи за постелнина и пижами, бидејќи тогаш ткаенината станува премногу мека и не може да ја впие потта.

Експертите советуваат да изберете детергенти за чувствителна кожа и без мириси во летните месеци, за да избегнете иритација.

Исто така, се препорачува постелнината и пижамите да бидат од памук, а не од свила. Експертот за перење алишта Дејан Димитров објасни зошто не треба да користите омекнувачи во текот на летото.

“Би било добро да избегнувате омекнувачи при перење пижами и постелнина за време на топло време. Иако сè ќе мириса поубаво, ткаенината не може да ја апсорбира влагата, па вашата пот нема да се впие во пижамите, туку ќе се разбудите целосно влажни”, рекол тој.

Експертот за перење алишта нагласува и дека свилата е најлошиот материјал за лето и дека ваквите пижами и ќебиња треба да се чуваат за зима.

„Иако е одличен материјал за оние кои се алергични на пердуви и прашински грини, исто така не може да ја апсорбира влагата, затоа зачувајте ги овие пижами и ќебиња за зимата“, тврди тој.