Повеќето домаќинки имаат „мака“ со кујнските крпи, кои брзо се валкаат и често се полни со тврдоглави дамки кои речиси е невозможно да се отстранат.
Сепак, за среќа, постои еден многу едноставен трик кој ќе направи да избледат и најтврдокорните стари дамки, а крпите повторно да блеснат како нови.
Овој начин на перење крпи всушност ви го заштедува буџетот, бидејќи нема да мора често да ги менувате.
Она што е уште поинтересно е што не мора да ги варите, но доколку по овој процес ги ставите во машина и дополнително ги измиете на висока температура, ефектот ќе биде уште поголем.
Тие ќе светат дури и ако ги ставите во чиста вода неколку часа.
Состојки:
поголемо тенџере и 5 литри вода
1 лажица сончогледово масло
голема чаша полна со сода бикарбона
1/2 чаша од кој било детергент за перење
1/2 лажичка сол
Постапка:
Загрејте тенџере со пет литри вода да зоврие, а потоа исклучете го шпоретот. Во водата додадете сончогледово масло, потоа сода бикарбона, сол и прашок за перење.
Измешајте ги сите состојки и потопете ги валканите партали во растворот. Покријте го садот и оставете ја водата да се излади.
Оставете ги крпите во растворот најмалку еден час.
Потоа можете да ги извадите и да ги измиете во машина, но уште подобро ќе биде ако ги натопите во чиста вода и ги оставите да отстојат неколку часа. Резултатот ќе ве изненади. Дури и најтврдокорните, стари дамки ќе исчезнат.