
Точниот молекуларен состав на овој мирис е непознат, но научниците се сомневаат дека потекнува од молекулите пронајдени во плодовата вода. Овој мирис исчезнува шест недели по раѓањето.
Според истражувањето објавено во швајцарското списание „Frontiers in Psychology“, мирисот на новороденче има исклучително силен ефект врз мозокот на возрасен, предизвикувајќи интензивно чувство на задоволство споредливо со она што го доживуваат зависниците од психоактивни супстанции.
Сепак, оваа единствена карактеристика на мирисот на новороденчето исчезнува веќе шест недели по раѓањето.
Иако научниците сè уште не го разјасниле целосно молекуларниот состав на овој мирис, се претпоставува дека тој, меѓу другото, потекнува од молекулите присутни во плодовата вода, која ја штити кожата на плодот за време на бременоста.

Иако бебињата темелно се капат веднаш по раѓањето, трагите од овие молекули остануваат на нивната кожа и коса во првите шест недели од животот. Овој мирис има силно влијание врз возрасните, предизвикувајќи чувство на длабока среќа и задоволство.
Оваа хипотеза беше потврдена со експеримент во кој учествуваа 30 жени. Ги помирисале ќебињата за новороденчиња, а прецизните уреди покажале зголемена активност на деловите од нивниот мозок одговорни за чувството на задоволство, без исклучок кај сите учесници.