
Многу градови можат да станат напуштени и да добијат разни епитети и чудни легенди кои се пренесуваат со години.
Морничави врисоци и липања од задгробниот живот се само дел од гласините околу несреќниот Пентедатило, италијански град на духови лоциран на крајниот југ на Калабрија, кој последниот удар му го задал силен земјотрес.
Карпестата населба конечно била напуштена во 1960-тите, но мистичната атмосфера таму сè уште живее, пишува Punkufer.
Името Пентедатило доаѓа од зборовите penta и daktylos, што во превод значи „пет прсти“. Името го измислиле античките Грци, кои се населиле таму во седмиот век п.н.е.
Оваа област сè уште одржува силни врски со своето грчко наследство, рефлектирано во нејзиниот јазик и обичаи, но исто така била „рака“ на Римјаните, Византијците и другите народи низ својата долга феудална историја.
Фатална љубов
Една од легендите е поврзана со немил настан кој се прераскажува во различни варијации, но главниот заплет останува ист. Легендата споменува две благороднички семејства – Алберти и Абенаволи.
Втората живеела во блискиот Монтебело Јонико. Како што често се случува со соседите, семејствата не се согласувале. Долги години се расправале за границите на нивниот имот, а љубовта само долеала масло на огнот.
Баронот Бернардино Абенаволи се заљубил во Антониета Алберта и мислел дека нивниот брак може да ги помири семејствата.
Но, братот на Антонија, Лоренцо, ја ветил нејзината рака на друга, што го налутило баронот кој упаднал во замокот со група вооружени луѓе.
Конфликтот не завршил добро, а страшниот настан е познат како „масакрот на семејството Алберти“. Баронот побегнал, прво во Малта, потоа во Виена и завршил како војник во австриската војска, каде што бил убиен, а Антониета се повлекла во манастир.
Домородците тврделе дека крвавиот отпечаток од раката на Лоренцо Алберти можел да се види на ѕидот на замокот до минатиот век.
Каде да отседнете во овој град?
Денес, Пентедатило е напуштено село кое туристите го посетуваат за да ги истражат неговите напуштени улици и цркви. Во текот на летото таму се одржува и Меѓународниот фестивал на краток филм Пентедатило.
Недалеку од напуштениот град има неколку кревети за изнајмување, а има и агротуризам каде можете да пробате калабриска кујна.