
Познат бренд издаде футроли за телефони кои се копии од нивните најпопуларни влечки, а младите луѓе од целиот свет полудеа по нив.
Замислете ги вашите Crocs секогаш при рака, буквално. Токму тоа стана реалност. Во соработка со познат корејски бренд, Crocs ја дизајнираше оваа феноменална, малку смешна футрола за телефон.

Футролата има препознатливи дупки, а во пакетот се наоѓаат и познатите Jibits – декорации во форма на лубеница, срце или зајче. Можете да ги промените и да направите совршена комбинација. Овој тренд ја подели јавноста, некои се целосно воодушевени и тврдат дека ова е „генијално“, додека други велат дека тоа е „најлошото нешто што ѝ се случило на модата“.
Коментарите се излеваат од сите страни, а социјалните мрежи се загреваат. Дали сте подготвени да се приклучите на фан клубот или, како вистинска модна икона, ќе ги одбиете?
