Како да се ублажат болните афти? Пробајте ги овие природни состојки

popara6 февруари, 20251min00
Screenshot_2

Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако овие ранички во устата не се опасни, дефинитивно се проблематични и болни. Како можете да ги ублажите симптомите?

 

 

 

Иако обично не се знак за сериозен проблем, афтите можат да бидат мошне иритирачки и болни.

 

Се појавуваат без навидум никаква причина, а речиси и да нема личност којашто не се соочила со нив.

 

Па, што точно се афтите и зошто се појавуваат:

 

Што е афта?

Афтите се мали чирови или ранички кои се појавуваат во устата и предизвикуваат болка и непријатност при јадење и зборување.

 

Постојат неколку вида афти, како:

 

  • Мали афти кои се појавуваат три-четирипати годишно, најчесто кај луѓето на возраст од 10 до 20 години. Поминуваат по околу една недела.
  • Поголеми афти кои се поретка појава, но се поголеми и им требаат околу две недели да заздрават.

Важно е а знаете дека афтите се различни од херпесот кој е предизвикан од вирус.

 

Притоа, херпесот обично се појавува на надворешниот дел од устата, додека афтите – во внатрешноста.

 

Зошто се појавуваат афти?

Постојат разни причини за појава на афти, а дел од најчестите се:

 

Цитрусно овошје

Ако сте личност која често страда од афти, можеби и самите имате забележано дека понекогаш се јавуваат по консумирањето цитрусно овошје.

 

Одредени намирници, како овошје и зеленчук со висока киселост, можат да предизвикаат афта или да ги влошат симптомите на веќе постоечката.

 

Стрес

И стресот може да биде причина за појава на афти.

 

Ако често сте изложени на стрес или страдате од анксиозност, поголема е веројатноста да се соочите и со афти.

 

Мали рани во устата

На сите ни се случило не сакајќи да си ја гризнете устата, а ова пак, може да предизвика појава на афта.

 

Афтата може да се појави и од други мали рани во устата.

 

Лута храна

Како цитрусното овошје, и многу лутата храна може да биде причина за појава на афта.

 

Ако сте склони кон афти, препорачливо е да избегнувате лута храна.

 

Како да се справите со афтите?

Кога станува збор за афти, единствено треба да бидете трпеливи и во иднина да ги избегнувате работите што ви ги предизвикуваат.

 

Сепак, постојат некои работи кои можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите:

 

Облога од вреќичка чај

Накиснете вреќичка чај од камилица во топла вода, почекајте да се излади, па држете ја десетина минути на афтата.

 

Камилицата има антивоспалителни и антисептички својства кои можат да ги намалат болката и непријатноста.

 

Мед

Медот има антибактериски и антивоспалителни својства, па исто како чајот од камилица, може да ги ублажи симптомите.

 

Доволно е да ставите малку мед директно на афтата.

 

Исплакнете ја устата со солена вода

Солениот раствор на некој начин ја дезинфицира устата и со тоа може да ги ублажи симптомите на афтите.

 

Измешајте една лажичка сол во чаша топла вода, плакнете ја устата 20-тина секунди, па плукнете.

 

Алое вера

Ова растение не е погодно сами за изгореници од сонце, туку може да ги ублажи и симптомите на афтите.

 

Слично како медот, само нанесете мало количество директно на афтата. Притоа, осигурете се дека користите потполно природен гел од алое вера.

 

Сменете ја пастата за заби

На некои луѓе им се појавуваат афти поради состојките во пастата за заби што ја користат.

 

Па, ако не наоѓате друга причина за афтите, пробајте да користите друга паста за заби.