Како е можно жена во 80-тите години да изгледа толку младо? Вера Ванг вели дека се е до храната, но и до 1 важен трик

popara14 март, 20251min00
Вера Ванг

Вера Ванг ги воодушевува сите со својот младешки изглед. И покрај тоа што наполни 75 години, таа изгледа барем 30 години помладо.

Вера Ванг е жена која постигнала многу: кариерата ја започнала на 40 години и изградила империја, има две деца и многу богат социјален живот.

Но, она што луѓето најмногу ги привлекува е нејзиниот младешки изглед во нејзините 70-ти.

Оваа жена изгледа барем 30 години помлада“, велат оние кои ја гледаат.

Како Вера Ванг изгледа толку добро?

Дизајнерката често објавува фотографии од своето секојдневие, а според фотографиите од Инстаграм, се чини дека не се воздржува од повремени „нездрави“ оброци, како пица и крофни, а во 2016 година за InStyle изјавила дека нејзините оброци најчесто вклучуваат омлет со малку тост и сланина и пудинг од ванила за појадок, пилешка супа со многу зеленчук за ручек,додека пак за вечера домашна кинеска храна.

Во интервју за Harpers Bazaar, таа откри дека се буди околу осум часот наутро, но дека не е баш утринска личност и и требаат најмалку осум часа сон.

„Ми требаат 7 до 8 часа сон, а ако имам среќа за викенди, спијам 10 часа“, вели таа.

После тоа, нејзината куќна помошничка ѝ носи појадок во кревет, а дизајнерката открива уште неколку примери од нејзиното мени.

“Тоа е обично јогурт со свежо овошје или јајца со пилешки колбас, а ако е недела знам да се почастам со димен лосос на интегрално лебче и еден куп лимон. После тоа кревам малку тегови, не премногу, а ми требаат околу пет минути”, вели таа.

Следува ручек во 12:30, а таа тврди дека никогаш не го прескокнува.

„Никогаш не прескокнувам оброци, ми треба храна за мозокот“, рече таа и откри што сака да јаде за ручек: „Сакам суши со кафеав ориз и зеленчук, брокула на пареа со пилешко и ориз, салата од артишок или риба“.

“Пијам само вода, престанав да консумирам сокови пред неколку години. Тоа ми беше најтешкото од кое се откажав”, додала таа.

Рекла и дека е строга во однос на тоа да не вечера по 19 часот и 30 минути и дека пет дена во неделата излегува на вечера во ресторан, додека за викендите ги кани пријателите на вечера подготвена од нејзината куќна помошничка, која е главно кинеска храна.

Исто така, Вера во младоста се занимавала со уметничко лизгање, но денес тврди дека не сака да вежба. Повремено објавува фотографии од домашната теретана.

И покрај ова, има и такви кои тврдат дека Вера изгледа многу постаро во реалниот живот отколку на слики.