Експерти од британската веб-страница Which? предупредија дека начинот на кој го чувате маслиновото масло може значително да влијае на неговиот вкус и квалитет.
Тие препорачуваат да го чувате маслото на ладно, темно место, подалеку од светлина, топлина и кислород, за да го продолжите рокот на траење.
За да се зачува квалитетот, тие советуваат и купување на маслиново масло во темни шишиња, наместо во проѕирни, за да се заштити од штетното влијание на светлината, пишува NY Post.
Сепак, ставањето маслиново масло во фрижидер исто така не е добра опција бидејќи студот може да предизвика згуснување на маслото и да ја намали неговата арома.
Исто така, експертите забележуваат дека маслиновото масло обично има рок на траење од неколку месеци, а најсигурен показател за лошото масло не е рокот на употреба, туку мирисот и вкусот.