Камила Кабељо повторно љуби: Пејачката е во врска со милијардер од познато богато семејство

popara19 февруари, 20251min00
Screenshot_4

Пејачката Камила Кабељо и нејзиното ново момче Хенри Чалхуб се забавуваа заедно на афтер-забавата на доделувањето на филмските награди на Британската академија, попозната како БАФТА. Кабељо и либанскиот бизнисмен биле, како што пренесува „Дејли мејл“, неразделни и многу добро облечени.

 

 

 

Наследникот од богатото семејство Чалхуб носеше морнарско сако и црни панталони во комбинација со црна маичка, додека пејачката носеше мини фустан во стил на корсет со здолниште во набори, црни потпетици и златен накит.

Инаку, Кабело и Чалхуб првпат почнаа да се забавуваат во август 2024 година, а беа видени заедно во јавноста во јануари оваа година. Парот уживааше на одмор на плажата на островот Сент Бартс, па тогаш ги потврдија шпекулациите за нивната романса.

Watch on TikTok

Патем, Чалхуб потекнува од семејството кое е сопственик на „Чалхуб груп“, истакнат продавач на луксузни стоки на Блискиот Исток и Северна Африка. Тој досега јавно не ја коментираше врската со пејачката, а пред неа се забавуваше со супермоделот Џоан Смолс. Кабељо исто така не ја коментираше новата љубовна врска, а пред Чалхуб се забавуваше со пејачот Шон Мендес, британскиот автор Метју Хаси и бизнисменот Остин Кевич.

 

Кабељо неодамна објави серија од датуми на турнеја „Вашата, К“ што ќе се одржат низ Велика Британија и Европа ова лето, а ќе започне во Марбела, Шпанија. Потоа ќе продолжи во градовите како Лондон, Даблин, Париз и Амстердам.