Кара Делевињ ја отвори Парадата на гордоста во Вест Холивуд: Објави фотографии со нејзината партнерка

popara3 јуни, 20252min00
b_250603141

Британската манекенка и актерка Кара Делевињ на впечатлив начин го отвори овогодинешниот месец на гордоста, појавувајќи се на „WeHo Pride Parade“ во Западен Холивуд, Калифорнија.
Таа на Инстаграм сподели фотографии и видеа од овој настан, а најголемо внимание привлече фотографијата на која се бакнува со својата девојка Минке, која е музичар.

Делевињ возеше во црвен кабриолет, позирајќи со џиновски жолт меч во рака и правејќи знак за мир. Таа беше прогласена и за почесна личност на овогодинешниот Прајд.

Кара и нејзината девојка наскоро ќе ја прослават третата годишнина од нивната врска, а гласините за нивната врска започнаа во јуни 2022 година кога беа снимени во Портофино. Тие ја потврдија својата врска во 2023 година и беа снимени како се бакнуваат на Вимблдон.

Делевињ е отворена за својата сексуалност со години, а во неодамнешното интервју за People, таа зборуваше за кампањата на Келвин Клајн „This Is Love“ и важноста на модата како личен израз.

“Мојот стил е – не ми е гајле, но всушност се грижам и се зависи од денот. Љубовта за мене опфаќа сè, доброто, лошото, грдото, убавото, славното. Тоа е подеми и падови, љубовта ве учи кои сте”, вели таа.

Таа се осврна и на разликата меѓу генерациите: “Денес младите се повеќе и повеќе тоа што се. Тие не се менуваат заради другите. Кога бев помлада се плашев да бидам тоа што сум. Има повеќе слобода, но сепак има борби, и затоа квир заедницата постојано ме инспирира”.

View this post on Instagram

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)

Познатата манекенка годинава го посети популарниот музички фестивал Коачела и покажа голема трансформација откако започна со лекување од зависност од алкохол.

Делевин го започна своето лекување во 2022 година, кога реши да се пријави на програма за рехабилитација, набргу откако се појавија фотографии на кои изгледа очајно и нервозно.

Во интервју за Variety, таа отворено зборуваше за своето патување до трезвеноста, нагласувајќи ја важноста на комуникацијата и искреноста со себе.

„Ако можам да го направам тоа, секој може да го направи тоа. Процесот на закрепнување беше исклучително предизвикувачки, но важно е да бидете искрени и отворено да зборувате за вашата борба“, рече таа.