КАФАНСКА СУПА ОД ДОМАТИ: Трик од познат готвач што ќе ја направи совршена

popara11 август, 20251min00
115158_shutterstock-2480773031-1_f

Ви треба:

килограм домати
2 чешниња лук
2 стебла свеж целер
1 мала главица кромид
маслиново масло
коцка говедска супа
мелена лута пиперка
мајчина душица мајчина душица
сол
бибер

Подготовка:

Исечете ги доматите на големи парчиња и наредете ги на плех за печење. Прелијте ги со маслиново масло и добро зачинете. Печете околу 12 минути во рерна претходно загреана на 200 степени. Во тенџере испржете го исецканиот целер и кромид. Растворете ја коцката во 700 мл топла вода, а потоа прелијте ја врз зеленчукот. Додадете ги печените домати, зачинете обилно со мајчина душица и мелена пиперка и оставете да зоврие. Потоа изблендирајте во блендер до саканата густина и послужете со павлака.