Ви треба:
200 мл врела вода
1 литар незасладено растително млеко
6 лажици мед или нектар од агаве
1 лажица цимет
500 гр кускус
250 гр сецкани суви вишни
75 гр крупно сечкани ф’стаци
грст малини
Подготовка:
Во сад истурете зовриена вода, половина литар млеко и цимет и мед. Оставете да зоврие на средна топлина со постојано мешање. Потоа исклучете го огнот и измешајте го кускусот. Покријте и оставете го да отстои најмалку 5 минути. Додадете го преостанатото млеко, црешите и ф’стаците. Потоа повторно покријте и оставете најмалку 2 минути. Послужете каша со малини и мед.