Кендал Џенер во најпривлечното издание досега: Атрактивната манекенка позира топлес

popara22 март, 20251min00
b_250321175

Американската реалити ѕвезда и модел Кендал Џенер го привлече вниманието на бројните следбеници на социјалните мрежи откако позираше во атрактивна облека.

Таа во новата реклама за италијанскиот бренд Calzedonia позираше без топ за костими за капење. Атрактивната манекенка позираше топлес, завиткана во пешкир.

„Изгледаш како божица“, „Летото веќе започна“, „Најубавата девојка во семејството Кардашијан-Џенер“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Foto: Instagram/kendalljenner

Нејзиното момче, раперот Бад Бани, неодамна позираше за Келвин Клајн во долна облека, а обожавателите се пошегуваа дека овие смели фотографии се нејзина „одмазда“.

Богатството на Кендал Џенер беше проценето на 60 милиони долари минатата година. Покрај манекенството и снимањето на реалното шоу Кардашијан, таа се занимава и со производство на текила. Имено, таа во 2021 година го основа брендот 818 Tequila.

Foto: Instagram/kendalljenner

Кендал и нејзината сестра Кајли Џенер во најновата епизода на „The Kardashians“ изјавија дека се заинтересирани да започнат сопствено шоу.

„Што би правеле ние?“, прашала Кендал, на што Кајли кратко одговорила: „Се!“.