Принцезата и принцот од Велс отпатуваа во Глазгов, а причината за нивната кратка посета беше официјален настан.
Тие присуствуваа на церемонијата на крштевка на новиот брод на Кралската морнарица ХМС Глазгов, објави „Пипл“.
Настанот се одржа во бродоградилиштето BAE Systems, а за време на церемонијата, принцезата традиционално скрши шише виски на трупот на бродот чиј покровител е од 2021 година.

Кетрин воодушеви со комбинацијата на облека што ја одбра за оваа пригода.
Таа носеше фустан од брендот „Suzannah London“, кој е во сопственост на британската дизајнерка и стилистка Сузан Краб.
Темноморската и белата се класични морнарски бои, па затоа тесен темен миди фустан со бели детали беше совршен избор за посета на бродоградилиштето. Фустанот е направен од волнен креп, а поставата е од свилен сатен.

Кетрин го дополни фустанот со прекрасна шапка со широк обод, исто така во комбинација од темно сина и бела боја.
Оваа комбинација многумина ги потсети на принцезата Дајана и нејзината облека што ја носеше за време на нејзината посета на Ливерпул во мај 1993 година.