Ким Кардашијан продава градник со пирсинзи: Ја нарекуваат маркетиншки гениј

popara25 мај, 20252min00
b_250523040

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан продава градник со лажни пирсинзи под нејзиниот бренд SKIMS. Многумина го нарекоа овој нејзин потег генијален маркетинг.
Интересно е и тоа што пирсинзите можат да се отстранат. На Инстаграм имаше објава на која модел со овој градник влегува во бар, по што сите очи се вперени во неа.

Таа оди до барот, вели: „Има доволно болни работи во тоа да се биде жена. Добијте „Ooh“ без „Ouch“ “, и намигнува.

Градникот е достапен во беж, кафеава и црна боја, а чини 62 долари. Дамите се воодушевени и едвај чекаат да го носат ова лето.

View this post on Instagram

A post shared by SKIMS (@skims)

„Жалам што ова не постоеше пред 10 години пред да си ги прободам брадавиците“, „Ким Кардашијан дефинитивно е маркетиншки волшебник. Никој не се приближува до оваа жена“, „Ова е идеално за девојки кои не можат да поднесат болка“, „Гениј“, се некои од коментарите на Инстаграм.

За потсетување, во октомври 2023 година, таа почна да продава градник со вградени брадавици, што исто така беше моден хит.