Колумбиската убавица секој ден ја повторува истата рутина за нега на кожата, а резултатот е совршено лице кое изгледа со децении помладо.
Ѕвездата на популарниот ситком „Модерно семејство“ вложува многу труд за да биде задоволна со својот изглед, а не крие дека е подготвена да проба се што ветува зачувување на нејзиниот младешки изглед.
– За мене убавината отсекогаш била многу важна. Мислам дека тоа е затоа што јас сум латиноамериканка и секогаш растеме размислувајќи како да изгледаме убаво, си ја средуваме косата, се шминкаме.Тоа е нешто што прави да се чувствувате добро“, изјави еднаш Софија во интервју за People.Таа нема проблем да признае дека пробала естетска хирургија, ботокс и ласерски третмани… се што функционира.
„Верувам во сето тоа“, изјави таа еднаш за Allure. – Имам чувство дека треба да се испроба се што постои. Мислам, ако се грижиш за тоа како старееш. Нема ништо лошо и во тоа доколку некому и не му е важно. Не е крај на светот. Но, ако ви е важно, сега може многу да се направи.
Главната тајна за убавината на Софија Вергара е заштитен фактор.Сепак, самата Вергара се труди со квалитетна нега да ги спречи брчките и опуштената кожа, а SPF го смета за далеку поважен од разни креми и серуми.
Заштитата од сонце е нешто што и доаѓа природно на актерката, па затоа инсистира да не помине ниту еден ден, а да не нанесе крема со заштитен фактор, која спречува оштетување и превентивно делува на појавата на првите знаци на стареење.
– Навистина мислам дека прави разлика – забележува Софија Вергара. – Имам 52 година и кога ќе се споредиме со пријателите кои никогаш не користеле заштитен фактор, ми велат: Зошто не внимававме?
View this post on Instagram
Актерката лансираше и сопствен бренд за нега на кожата, наречени Toty, кој нуди многу производи специјално дизајнирани за заштита од штетното УВ зрачење.