На работното место постојат некои непишани правила што сите вработени треба да ги почитуваат, а едно од нив се однесува на храната. Поконкретно, консумирањето на одредена храна во канцеларијата.
Сите сме доживеале момент кога колега јадел храна со непријатен мирис, што навистина ги вознемирило сите околу него. Според бонтонот, ова треба строго да се избегнува.
Елизабет Сус, основач на Училиштето за бонтон и протокол „Ауерсмонт“, наведе некои од храната што не треба да ја носите на работното место, вклучувајќи: риба, јајца, храна што содржи лук, зелка, карфиол и брокула.
Дури и ако вашата храна нема непријатен мирис, имајте на ум дека можеби јадете нешто што ги вознемирува луѓето околу вас на некој друг начин, како што е гласно грицкање и сркање.
„Чипсот, суровиот зеленчук и крекерите можат да ги вознемират вашите колеги додека работат“, рече таа.