Шеќерот е една од намирниците кои се штетни за здравјето, а штом ќе се исфрли од исхраната се случуваат видливи промени.
Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, млекото и другите намирници се добри за вашето здравје и може да се земаат во поголеми количини. Сепак, индустриски преработените и рафинирани шеќери му штетат на вашето тело и организам.
Со нивно отстранување од исхраната, можете да го подобрите вашето здравје, а лесно може да се заменат со природни алтернативи како мед, стевиа или јаворов сируп. Со елиминирање на шеќерот ќе спречите најголем дел од штетите што ги предизвикува, а доколку се одлучите на тоа ќе постигнете бројни позитивни промени.
Откако ќе престанете да консумирате шеќер седум дена, пред се ќе бидете во фаза на детоксикација. Доколку претходно сте користеле многу шеќер во исхраната, во првите седум дена можно е да почувствувате желба за шеќер и анксиозност.
Овие ефекти се намалуваат по првата недела, во зависност од нивото на „зависност“ од шеќер и може да траат уште една или две недели. Ако вашиот внес на шеќер е поумерен и ако сте се префрлиле на диета богата со протеини, влакна и здрави масти, треба да почнете да се чувствувате подобро по само седум дена. Количината на вашата енергија во текот на денот ќе биде постабилна, а вашето расположение ќе се подобри.
По еден месец без шеќер, вашата желба за десерти ќе исчезне, а наместо тоа ќе ви се зголеми желбата за протеини и зеленило. Ако издржите цела година без преработен шеќер, вашето здравје ќе биде на завидно ниво. Вашето тело ќе се прилагоди на функционирањето на основните хранливи материи и лесно е можно да изгубите голем број килограми.
Кога вашето тело ќе се исчисти од вештачки шеќери, ќе престанете да чувствувате постојана глад, ќе изгубите килограми и вашата тежина ќе се стабилизира. Исто така, доколку подолго време го исфрлите шеќерот од исхраната, вашата кожа брзо ќе стане поздрава и поубава.
Драстичното намалување на шеќерот ќе направи голема разлика и за вашиот дигестивен систем. Откако долго ќе го елиминирате шеќерот, вашите омилени чоколади ќе станат премногу слатки за вас, а најмногу ќе уживате во вкусот на овошјето и природните шеќери кои се наоѓаат во нив.