КОЛАЧ ОД МАК СО БЕЛО ЧОКОЛАДО: Кремаст десерт кој е малку поинаков од класичниот

popara5 јуни, 20251min00
101246_shutterstock-28534003_f (1)

Ќе ви треба:

150 гр шеќер
600 мл млеко
4 лажици гриз
200 гр мелено семе од афион
1 ванилин шеќер
300 гр мелени бисквити
150 гр путер
200 гр бело чоколадо
100 мл слатка павлака

Подготовка:

Во тенџере загрејте ги шеќерите, млекото, афионот и гризот. Варете додека смесата не се згусне, а потоа додадете ги мелените бисквити и путерот. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Потоа истурете го во калап и оставете го во фрижидер. Загрејте ја слатката павлака, па додадете ја белата чоколада и мешајте додека не се растопи. Со глазурата прелијте ја тортата.