КОЛАЧ СО АФИОН ПОДОБАР ОД БИЛО КОЈА ТОРТА: Сè се меша во еден сад и се пече

popara29 ноември, 20251min00
141808_shutterstock-2476152461_f (1)

Ќе ви треба:

3 јајца
150 г шеќер
150 мл масло
200 мл јогурт
250 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
100 г мелени афионови семки
Рендана кора од еден лимон

За глазура:

100 г шеќер во прав
2 лажици сок од лимон
афион семки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, изматете ги јајцата со шеќерот додека не се добие пена. Потоа додадете го маслото и јогуртот и добро измешајте. Потоа додадете го брашното измешано со прашок за пециво и семки од афион. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот 25 до 30 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени. Потоа изладете го и прелијте го со шеќерна глазура со лимон. На крај, наросете го колачот со семки од афион.