
Ќе ви требаат:
3 црвени пиперки
3 компири
3 лажици маслиново масло
сол, бибер, оригано
Подготовка:
Исечете ги компирите и пиперките на прстени или ленти. Измешајте со маслиново масло, сол, бибер и оригано. Наредете ги на плех за печење и печете во рерна додека зеленчукот не добие златно-кафеава боја и не омекне.