Конзумиравте лук? Овие намирници може да ви помогнат да се ослободите од непријатниот мирис

popara14 мај, 20251min00
b_250514098

Лукот е еден од најмоќните природни сојузници во борбата за здраво тело. Освен што го зајакнува имунитетот, познат е и по своите антибактериски, антивирусни, антигабични и антиоксидантни својства. Често се користи и како природна превенција против разни болести.

Сепак, иако е богат со корисни соединенија, лукот има и една непријатна нуспојава – интензивен и долготрајна миризба што останува по конзумирањето. Овој мирис опстојува бидејќи испарливите сулфурни соединенија, ослободени за време на варењето, се носат низ крвотокот и издишуваат преку здивот.
Вообичаените методи како плакнење на устата често не се доволни за да се отстрани овој лош здив, бидејќи мирисот доаѓа од внатре, а не само од усната шуплина. Сепак, одредени намирници можат ефикасно да го неутрализираат мирисот на лук, доколку се консумираат во исто време или веднаш по оброкот.

Меѓу најефикасните се јаболката, зелената салата, целерот, компирот, магдоносот, нането, босилекот и печурките. Оваа храна содржи природни соединенија, како што се феноли и ензими, кои можат да ги разградат миризливите компоненти на лукот и на тој начин да го намалат нивното влијание врз здивот.

Со комбинирање на лукот со споменатите намирници или нивно консумирање веднаш по јадење, можно е значително да се намали или целосно да се елиминира непријатниот здив, без потреба од вештачки средства.