
Ќе ви треба:
300 г тестенини (по желба)
300 г печурки
2 чешниња лук
200 мл павлака
маслиново масло
сол и бибер
пармезан (по желба)
Подготовка:
Сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето. Пржете го сечканиот лук и печурките во маслиново масло. Додадете ја павлаката, солта и биберот и гответе додека сосот не се згусне. Додадете ги тестенините во сосот и добро измешајте. Сервирајте со пармезан.