Потребно е:
4-5 поголеми моркови
1 среден компир
1 главица лук
половина целер
малку праз
2 мали листови магдонос
1 чаша млеко
малку зачини за сушени билки
малку сол
малку бибер
лук во прав
кари
босилек
Подготовка:
Исчистете го и исечете го зеленчукот, па ставете го во тенџере и покријте го со вода. Зачинете и варете додека не омекне, околу половина час. Потоа истурете малку вода и матете со рачен блендер додека не се изедначи. Потоа повторно ставете го на шпорет и додадете малку млеко. Послужете ја манџата со крцкав леб. Уживајте!