
Ви треба:
250 г печурки
250 г буковки
1 кромид
2 чешниња лук
1 компир
1 морков
1 литар зеленчукова или пилешка супа
200 мл растителна павлака за готвење
масло за пржење
сол и црн пипер по вкус
свеж магдонос (ситно сечкан)
Подготовка:
Загрејте го маслото во тенџере, додадете го кромидот и лукот и пржете ги додека не омекнат. Додадете ги сечканите печурки и пржете ги додека не омекнат. Додадете ги сечканите компири, морковите и супата. Додадете ја павлаката за готвење, солта и биберот по вкус. Варете ја чорбата уште неколку минути, па потоа изблендирајте ја. Сервирајте наросено со свеж магдонос.