
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, сериозно размислува за враќање во Холивуд, а во оваа мисија наводно ѝ помага мајката на познатите Кардашијан – Крис Џенер.
Според неколку странски медиуми, Џенер треба да стане соработник на Меган Маркл во нејзиниот обид да ја обнови својата кариера пред камерите.
За возврат, се очекува Меган да може да учествува во разни проекти што вклучуваат промоција на брендовите на нејзините ќерки и потенцијално појавување во нивното реално шоу.
Некои извори ја споменуваат и можноста Маркл да се појави како гостинка во подкастот „Khloe in Wonder Land“, чиј водител е Клое Кардашијан. Таму, таа треба да споделува анегдоти, па дури и озборувања за британското кралско семејство, што несомнено би привлекло големо медиумско внимание.
За потсетување, Меган Маркл ја напушти актерската кариера откако се омажи за принцот Хари и се пресели во Лондон. По враќањето во САД, таа се фокусираше на своето семејство и помалите проекти, избегнувајќи ја големата јавна сцена. Патем, нејзината највпечатлива улога беше во серијата „Suits“.
Но, како што нивните деца растат, Меган се чини дека повторно наоѓа простор за лични и професионални амбиции. Во Холивуд, каде што трансформациите се вообичаени, здружувањето со некој како Крис Џенер би можела да ѝ отвори врата кон нови можности.