Бананите од супермаркетите често се малку зелени затоа што се берат пред да бидат целосно зрели, што е за да се продолжи нивниот рок на траење.
Но, ако купувате незрели банани, понекогаш може да треба да почекате неколку дена пред да бидат подготвени за јадење. Зрелите банани, од друга страна, брзо се расипуваат. За среќа, постои начин како брзо да созреат – и потребни се само неколку минути.
Кратко видео објавено на YouTube од страна на Problem Solved Show објаснува како:
“Ако ви треба зрела банана набрзина, користете ја рерната. Загрејте ја рерната на 150°C, ставете ја бананата директно на решетката и проверете по 5 до 10 минути. Треба кожата да добие темно кафеава боја.”
„Оставете ја бананата малку да се излади пред јадење. Рерната ќе почне да ги карамелизира шеќерите, што ќе ја направи бананата уште послатка. Подобро отколку да ја оставите да стои на шанкот со денови“, додава тој.
Видеото нуди и дополнителни совети, како што се завиткување на пластична фолија околу врвот на куп банани за да се забави зреењето и користење на бананите како замена за јајца во колачи, пишува Express.
„Бананите можат да бидат добра замена во некои рецепти“, се вели во него. „Брауни, колачиња, мафини и мини колачиња – една банана може да замени едно јајце“.