ЛЕБ ОД ТИКВИЧКИ: Полн е со протеини и здрави масти, а е одличен како ужина или прилог

popara28 мај, 20251min00
123696_shutterstock-1671689698_f

Ви треба:

4 јајца
1 мала тиквичка
прстофат сол
100 гр бадемово брашно
1 лажичка прашок за пециво
по вкус сув лук и оригано
50 гр рендан пармезан
50 гр стопен путер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да се исцедат. Добро исцедете ги. Во сад изматете ги јајцата, па додајте ги тиквичките, путерот и пармезанот. Посебно измешајте ги бадемовото брашно, прашокот за пециво, лукот во прав и ориганото. Соединете ги сувите и влажните состојки и добро измешајте. Истурете во плех обложен со хартија за печење. Лебот се пече 45 до 50 минути, во загреана рерна на 180 степени.