ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕДОСТАТОК НА СОН

popara18 декември, 20251min00
Screenshot_2

Досегашните студии за сонот покажале дека спиењето помалку од 6 до 8 часа дневно има низа негативни последици врз здравјето на луѓето. Men’s Health наведува 7 негативни ефекти што недостатокот на сон ги предизвикува кај луѓето.

„Спиењето не е луксуз, туку потреба“, вели психологот Мишел Дреруп, која се занимава со влијанието на сонот врз квалитеот на животот.

1. Умор

Еден од најочигледните ефекти од недостаток на сон е уморот. Тоа значи ако телото ви бара одмор ќе можете веднаш да заспиете на неочекувани места. Друг знак е потребата за кофеин за да го преживете денот, но не треба да се претера со кофеинот, доволни се четири шолји кафе дневно.

2. Промени на расположението

Недостатокот на сон доведува до зголемено нива на кортизол, познат и како хормон на стресот. Добриот сон природно го намалува нивото на хормонот на стрес во телото, а за да го нормализирате биоритамот, станувајте секој ден во исто време, советува Дреруо.

3. Дебелеење

Недостатокот на сон доведува до намалување на нивото на хормонт на ситост и добивате чувство на глад. Токму поради тоа копнеете за покалорична храна, што значи дека и полесно ќе добиете вишок килограми.

4. Халуцинации

Екстремниот недостаток на сон е метода на мачење бидејќи ја разорува човечката психа. Тоа може да доведе до замислување на работи кои ги нема, како што се предмети кои зборувуаат или „живи“ сенки.  Исто така, би можело да се појавуваат халуцинации во времето кога нормално би си легнувале или буделе, во форма на звуци, визии, луѓе. Други невролошки нарушувања се замаглен вид, губење на меморија и потечени капаци на очите.

5. Срцеви заболувања

Една од последиците на недоволен сон е хипертензија, висок крвен притисок. Истражување на Европската асоцијација на кардиолози покажало дека средовечните мажи кои спијат 5 или помалку часа дневно имаат поголема шанса за голем кардиоваскуларен настан во текот на следните 20 години од оние кои спијат 7 до 8 часа дневно.

6. Намален сексуален нагон

Недоволното спиење може да влијае на ниското ниво на тестостерон и намален сексуален нагон. Друго истражување покажало дека недостатокот на сон може да влијае на бројот на сперматозоиди и на нивната подвижност.

7. Побавни реакции

Луѓето кои недоволно спијат може да страдаат од чувство на дезориентираност, губење на чувството за време. Исто така, истражување од 2017 година покажало дека недостатокот на сон е примарна причина за несреќа дури во 20 проценти од сите сообраќајки во развиените земји.