Ѕвезда за која во последно време многу се зборува кога се во прашање пластичните операции е Линдзи Лохан, за која многумина тврдат дека изгледа помладо од било кога, но таа тврди дека нејзиниот изглед не е поради операција.
Линдзи сакаше да стави крај на гласините на оваа тема, па во интервју за Elle истакна дека нејзиниот изглед се должи единствено на нејзината нова рутина за нега на кожата и диета, која нагласува дека „го забавува стареењето“.
“Секое утро пијам сок кој има моркови, ѓумбир, лимон, маслиново масло и јаболка. Пијам и многу зелен чај и вода. Голем љубител сум на кисело цвекло, па го ставам во речиси сè”, рекла Лохан.
Таа додаде дека е во процес на развој на сопствена линија за нега на кожа и тестирање нови производи на себе.
„Сето тоа трае долго, бидејќи јас сум специфична и луда за мојата кожа и здравје“, рече таа.
Лохан исто така истакнува дека практикува да го потопува лицето во ледена вода веднаш штом ќе се разбуди.
„Пијам многу сок од лимон, во водата ставам еден куп чиа семе. Секое утро ставам маска околу очите, а сакам и ласери“, рекла таа и додала дека нејзината кожа се променила по породувањето.
“Кожата ми се промени откако го родив синот. Стана многу чувствителна и ме натера да ја сменам целата моја рутина, исхрана и сè. Имав тестови на крвта и мислев дека сакам да знам на се што сум алергична, па исфрлив се”, тврди Лохан.
На гласините дека направила пластична операција, Лохан рече: „Сите користат ботокс“, а потоа се огласи нејзиниот публицист кој рече дека во Холивуд има двоен стандард за убавина.
„Штом изгледате поинаку, тие претпоставуваат дека сте направиле фејслифтинг на 37 или 38 години. Тоа е многу подло“, рече публицистот, а Линдзи додаде: „Каде да најдам време за тоа? Каде?“
Публицистката застана во одбрана на Лохан, истакнувајќи дека таа е навистина преоптоварена со обврски.
“Хајтерите можат да ме мразат и да бидат љубоморни. Само штета е што жените во денешниот свет се однесуваат така. Жените не можат да изгледаат добро и да го менуваат својот животен стил за да бидат поздрави”, рекла Лохан.