Листа на градови со најмногу сончеви часови во Европа: Една држава доминира

popara25 април, 20251min00
Aerial,View,Of,Cartagena,Port,City,In,Spain,Surrounded,By

Картагена е најсончевиот град во Европа. Или барем така покажа истражувањето на платформата за изнајмување сместување преку Интернет, Холиду, која ги анализираше податоците од World Weather Online.

Се испостави дека овој историски пристанишен град на југот на Шпанија има просечна температура од 19,1 Целзиусови степени и 283 сончеви часови месечно, или околу 3.396 часа годишно – што е дури за околу 600 часа повеќе од најсончевиот остров во Хрватска – Хвар, пренесува Punkufer.

Не само што Картагена беше на врвот на листата на најсончевите градови во Европа, туку седум шпански градови се најдоа на топ 10 – Аликанте на второто место, Малага на трето, Мурсија на четврто, Гранада на петто, Севиља на седма, Кордоба на осмо и Мадрид на десеттото место.

Единствените два града меѓу 10-те најсончеви во Европа кои не припаѓаат на Шпанија се италијанска Катанија на шестото место и францускиот Марсеј на деветтото место.

Ако погледнете малку поширока листа на 30 најсончеви градови во Европа, местата се резервирани за градовите лоцирани во Италија, Франција, Португалија и Грција.

10-те најсончеви градови во Европа според листата на платформата Холиду:

Картагена, Шпанија – 283 сончеви часа месечно

Аликанте, Шпанија – 279,6 сончеви часови месечно

Малага, Шпанија – 279,3 сончеви часови месечно

Мурсија, Шпанија – 277 сончеви часови месечно

Гранада, Шпанија – 274 часа сонце месечно

Катанија, Италија – 273,7 сончеви часови месечно

Севиља, Шпанија – 273,4 часа сончева светлина месечно

Кордоба, Шпанија – 268 сончеви часови месечно

Марсеј, Франција – 266 сончеви часови месечно

Мадрид, Шпанија – 265 сончеви часови месечно