Овој намаз е идеален избор за гурманите.
Состојки:
1 варено цвекло (околу 300 гр.)
3 чешниња лук
малку мелен црн пипер
сол по вкус
2-3 лажици јаболков оцет
100 гр мајонез
Подготовка:
Излупеното цвекло исечкајте го со лук. Додадете мајонез, оцет, сол, бибер и убаво измешајте со лажица. Доколку сакате намазот да биде уште позачинет, додадете малку лута мелена пиперка. Послужете на крекери. По желба изрендајте малку сирење одозгора.