
Ви треба:
1 кг филе од ослиќ
2 лажици пченкарно брашно
2 лажици бело брашно
1 лажица мелена пиперка
сол
сув зачин од билки
масло
Подготовка:
Исечете ја одмрзнатата риба на парчиња. Зачинете со сол и суви зачини. Направете смеса од брашно, пиперка и зачини, па извалкајте ги парчињата риба од двете страни во смесата. Оставете ги во фрижидер најмалку еден час. Пржете ја рибата во масло додека не добие бакарна боја.