Луѓето со оваа крвна група живеат до 100 години! Долговечни се бидејќи се поотпорни на болести

popara18 март, 20251min00
Screenshot_1

Истражувањата покажаа дека постојат одредени крвни групи кои се поотпорни на одредени болести, па овие луѓе живеат подолго и поздраво.

 

 

 

Имено, преку истражувањето, научниците утврдиле дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на човекот. Научниците докажаа дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија од другите крвни групи, па може да се каже дека крвната група А е „послаба“ од останатите.

 

Со долгогодишните студии е утврдено дека крвната група која доминира над сите други е крвната група нулта. Докажано е дека луѓето со крвна група нулта имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека поретко од другите крвни групи имаат проблеми со меморијата, како и помала веројатност да страдаат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот. Поради тоа што организмот е поотпорен на болести, луѓето со крвна група нулта и најдолго живеат.

 

Една од досега откриените причини зошто крвната група нулта е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромбови (згрутчувања на крвта). Покрај тоа, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така и фактори на ризик за ментални болести.