Поп-кралицата Мадона ја покажа својата чанта Nirvana од луксузната модна куќа Aupen. Иако многу други познати личности го носат овој моден додаток, нејзината чанта се разликува од останатите.
Направена е од крокодилска кожа, а нејзината вредност се проценува на неверојатни 100.000 долари. „Уникатните“ чанти како онаа на Мадона ќе може да се нарачаат исклучиво со покана.
За оние кои немаат толку длабоки џебови, чантите од телешка кожа Nirvana можат да се купат за 340 долари. Брендот Aupen е основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан.
„Под влијание на уметноста и архитектурата, сакавме да се оттргнеме од идејата за совршенство и да ја прифатиме неправилноста и вистински да ја цениме убавината со сите нејзини недостатоци“, изјави тој за Page Six.

Тејлор Свифт е меѓу првите познати личности кои се видени со чанта од споменатиот бренд. Таа го носеше на свадбата на Џек Антоноф и Маргарет Квали во 2023 година.
По неа, оваа чанта во различни бои ја носеа Флоренс Пју, Џена Ортега, Селена Гомез, Чарли XCX, Пријанка Чопра и Кери Вашингтон.
