
По лето исполнето со светли бои, време е да додадете неколку нежни кафеави нијанси во вашата колекција лакови за нокти, кои се хит оваа есен.
Првa беше шминката „лате“, кој стана хит на TikTok, собирајќи над 220 милиони прегледи за само неколку недели. Следни на сцената за убавина се ноктите, кои го подигнаа трендот во чоколадни тонови на сосема ново ниво.
„Лате“ шминката поттикнува употреба на топли кафеави нијанси како карамела и какао на очите, јаболчниците и усните, создавајќи заводлив изглед кој е совршен и за сончеви летни денови и за топла есенска атмосфера. А сега овој тренд е пренесен и на ноктите.
„Лате“ маникирите се апсолутен хит. Со нивните топли, кремасти тонови кои потсетуваат на омилениот есенски пијалок, тие совршено се вклопуваат во сезоната на променливи бои и постудени денови.
Овој тренд носи софистициран и удобен изглед што можете да го носите секој ден, без разлика дали одите на работа или излегувате. Ако сакате вашиот есенски маникир да биде во тренд, лате ноктите се вистинскиот избор.